Адвокатска канцеларија
Филип Медарски

Секогаш се стреми кон обезбедување на квалитетни адвокатски услуги за целокупното ваше работење.

Филип Медарски

Што работиме:

ШТО РАБОТИМЕ

Адвокатска канцеларија Филип Медарски од Скопје работи во следните области: кривично право, граѓанско право, слобода на изразување, трговско право, трудово право, административно право, даночно право, корпоративно право, стечај, ликвидација, трансформација на друштва, присоединување, спојување, раздвојување на трговски друштва, странски инвестиции, енергетика, концесии, облигациони односи, Европски суд за човекови права, како и сите оние правни проблеми со кои што се соочуваат нашите клиенти

Адвокат Филип Медарски

Основач

Своите правни студии ги има завршено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на Правниот Факултет „Јустинијан Први” во Скопје, каде во тек на студирањето бил ангажиран како демонстратор. По завршување на неговите студии, започнува со пракса во Основниот суд Скопје како стручен соработник.

Во 2004 година ја основа Адвокатската канцеларија Филип Медарски. Автор е на голем број публикации од областа на слободата на изразување и е лиценциран тренер од Советот на Европа за слобода на изразување. Има големо искуство на застапување пред Европскиот суд за човекови права при Советот на Европа. Најзначајни предмети во кои со успех застапувал пред овој суд се Ел Масри против Република Македонија и Насер Селмани и други против Република Македонија.

Моментално е на постдипломски студии при Универзитетот Кент од Чикаго.

НАШИОТ ТИМ

Лазар Сандев

Лазар Сандев

Адвокат

Адвокат Лазар Сандев од Скопје своите правни и постдипломски студии по деловно право ги има завршено на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. По завршувањето на неговите три годишни студии на Правниот факултет започнува со работа како како практикант кај Адвокат Филип Медарски. Од 2014 година е вработен како Адвокат и е овластен регистрационен агент при Централниот регистар на Р. Македонија.
sandev@medarskilaw.com

Бојана Давитковска

Бојана Давитковска

Адвокат

Има завршено постодпломски студии од областа на граѓанско материјално и граѓанско процесно право. Во 2016 година започнува како практикант кај Адвокат Филип Медарски, а од 2018 година како Адвокат. Таа е специјализирана во областа на граѓанското право, а воедно е и застапник во областа на индустриска сопственост. Адвокат Бојана Давитковска, исто така има завршено специјализирана обука за застапување на малолетни лица, согласно Законот за правда за деца.
davitkovska@medarskilaw.com

Милена Наумовска

Милена Наумовска

Aдвокат

Има дипломирано на Правниот Факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и од 2006 година започнува со практицирање на правото. Од 2009 година работи како стручен соработник, а од 2011 година како адвокат. Во 2019 година започнува со работа кај Адвокат Филип Медарски од Скопје. Специјализирана е во повеќе области од правото, а особено за стопанско, граѓанско,деловно,управно и енергетско право.
naumovska@medarskilaw.com

Александра Милошевска

Александра Милошевска

Адвокат

Александра има завршено постдипломски студии по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2005 година започнува со практицирање на правото во Основен суд Скопје 1 Скопје. 2010 година, во рамки на адвокатско друштво станува стручен соработник, каде од 2011 година продолжува како адвокат.  Како дел од тимот во Адвокатската канцеларија Филип Медарски е од 2020 година. Таа е специјализирана и застапува во областа на граѓанското право.
milosevska@medarskilaw.com

Катерина Цацаноска Крстева

Катерина Цацаноска Крстева

Адвокат

Во 2009 година дипломира на Правниот Факултет при Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје и веднаш започнува со практицирање на правото.

Во 2011 година започнува да работи како стручен соработник, а од 2013 година како адвокат. 

Во 2020 година започнува со работа кај Адвокат Филип Медарски од Скопје. Специјализирана е во повеќе области од правото, посебно во делот за стопанско, граѓанско,деловно,управно и енергетско право.
cacanoska@medarskilaw.com

Дарко Трајкоски

Дарко Трајкоски

Aдвокат

Дарко Трајкоски има завршено постдипломски студии по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во Октомври 2015та година започнува со практицирање на правото во Основно јавно обвинителство во Скопје. Во Август 2016 започнува како практикант во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите каде што истата година во Октомври започнува со работа како Помлад јавнообвинителски соработник. Како дел од тимот во Адвокатската канцеларија Филип Медарски е од Ноември 2020 година кога започна со работа како стручен соработник а продолжува како Адвокат во Јануари 2021. Тој е специјализиран и застапува во областа на кривично право.

Елена Јордановска

Елена Јордановска

Aдвокат

Има завршено постдипломски науки по граѓанско право. Во 2018 година започнува со работа во Адвокатска канцеларија Филип Медарски – Скопје, како адвокатски стручен соработник ,  а од 2021 година како Адвокат.
Таа е специјализирана во областа на граѓанското право. Застапување пред надлежните институции (судови, Министерство за внатрешни работи, Агенција за вработување на Република Северна Македонија и др.). Давање на ефикасна и стручна правна помош околу подготвување и спроведување во целост на постапките за добивање на секаков вид на работни дозволи и дозволи за привремен престој во Република Северна Македонија за странци, како и за постапките за стечај.
jordanovska@medarskilaw.com

Наташа Манојлоска

Наташа Манојлоска

СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ

Лице одговорно за канцелариските и финансиските активности во фирмата.
manojloska@medarskilaw.com

Ангела Анѓеловска

Ангела Анѓеловска

Приправник

Магистрант на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”, насока казнено право. Во август 2020 започнува со работа како приправник во адвокатска канцеларија Филип Медарски.

Кирил Иваноски

Кирил Иваноски

Приправник

e запишан на Мастер студии на катедрата по граѓанско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје. Во февруари 2018 година започнува со работа како практикант кај Адвокат Филип Медарски. Негова област на работа е граѓанското право .
ivanoski@medarskilaw.com

ШТО РАБОТИМЕ

Адвокатска канцеларија Филип Медарски од Скопје работи во следните области: кривично право, граѓанско право, слобода на изразување, трговско право, трудово право, административно право, даночно право, корпоративно право, стечај, ликвидација, трансформација на друштва, присоединување, спојување, раздвојување на трговски друштва, странски инвестиции, енергетика, концесии, облигациони односи, Европски суд за човекови права, како и сите оние правни проблеми со кои што се соочуваат нашите клиенти